Презентација на резултатите од инфраструктурната поддршка за подобрување на медицинските услуги во ЈЗУ Нефрологија – Струга

- Локални
226

Презентација на резултатите од инфраструктурната поддршка насочена кон подобрување на медицинските услуги во ЈЗУ Нефрологија – Струга, овозможени во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кои ги реализираше Министерството за локална самоуправа со поддршка на Владата на Швајцарија.

На настанот, според најавата од Министерството, ќе присуствува директорот на установата, Јетмир Зиба, заменик министерот за локална самоуправа, Ерџан Селими и директорот на Центар за развој на Југозападен плански регион, Ваљон Каба.

Како дел од проектот за реконструкција на Болницата за Нефрологија, финансиран од Болницата за Нефрологија, Швајцарската Агенција за Соработка и Развој и Министерството за Локална Самоуправа, а имплементиран од Центарот за развој на југозападниот плански регион, завршена е инсталацијата на ЛЕД панелите за осветлување во сите простории на болницата, вклучувајќи ги собите на пациентите, салите за Хемодијализа, ходниците и сите други работни простории. Со ова болницата доби ново осветлување, кое освен што има практично значење во подобрувањето на работниот процес.

Во рамки на проектот опфатена е реконструкција на објектот, набавен е систем за централно снабдување со кислород наменет за три сали за хемодијализа и интензивна нега, набавен, инсталиран и ставен е во функција систем за реверзибилна осмоза, а поставени се и соларни панели на кровот на објектот.

Со ова значително ќе бидат подобрени условите за лицата кои имаат потреба од хемодијализа.

Вредноста на целиот проект изнесува 26.043.286 денари. Министерството обезбеди 11.324.000 денари, Швајцарската агенција за развој и соработка учествува со 9.200.000 денари, а финансики удел има и болницата со 5.519.286 денари.

StrugaOnline

Facebook Коментари