Во сабота ЖРК Струга игра против ЖРК Илинден Вардар од Скопје
Во рамките на петнаесеттото коло од пионерската лига екипата на ЖРК Струга на домашен терен ја пречекува екипата на ЖРК Илинден Вардар од Скопје.
Натпреварот ќе се одигра во сабота 04.04.2026 година во 13:00 часот во спортската сала „ТИМИ“ Струга.
Од клубот упатуваат повик до стружани на масовна поддршка на пионерките од ЖРК Струга.
StrugaOnline

