Лев банер Десен банер

Општина Струга ја пушти во употреба новата платформа за електронско плаќање на даноци

Општина Струга направи значаен чекор кон модернизација на јавните услуги со пуштањето во употреба на новата платформа за електронско плаќање на даноци. Со ова решение, граѓаните и правните лица добиваат можност своите обврски кон општината да ги подмируваат брзо, едноставно и без физичко присуство: https://e-tax.struga.gov.mk/

Новата алатка овозможува пристап до услугите 24 часа на ден, без чекање и без редици, што претставува големо олеснување во секојдневната комуникација со општинската администрација. Иако платформата сè уште е во фаза на дополнително унапредување на визуелниот изглед и корисничкото искуство, таа веќе е целосно функционална и безбедна за користење.

Од Општина Струга информираат дека ова е само почеток на поширок процес на дигитална трансформација. Во наредниот период се планира постепено дигитализирање на повеќе услуги со цел да се подобри ефикасноста и достапноста за граѓаните.

Со ваквите чекори, општината испраќа јасна порака дека останува посветена на воведување современи решенија кои ќе го олеснат секојдневието на граѓаните.

StrugaOnline

error: