ЖКК Струга 2009 ги совлада тимовите на Спорт Тим Неготино и Трокал Кавадарци

- Локални, Спорт
721

Во рамките на кадетската лига, ЖКК Струга 2009 убедливо славеше над ЖКК Спорт Тим Неготино  со резултат 30:64, по четвртини: (00:27;11:04; 08:15;11:18). Стрелци во нашиот состав беа Филоска со 22 полени, Модева постигна 12, Зенку 11, а Велјаноска 8 поени.

Во 13-то коло од првата лига во женска конкуренција ЖКК Струга 2009 ја совлада елипата на Трокал Кавадарци со резултат 51:66 (14:19 ; 20:14 ; 12:13 ; 05:19) . Најдобри стрелци во струшкиот  тим беа Чолакоска со 22 поени, Стојановска постигна 16, Устијаноска 11, Пешиноска 10, Зендели 4 поени, а Модева 2.  Во тимот од Кавадарци најефикасна беше Атанасова со 18 поени.

Strugaonline

Facebook Коментари