Време-Претпладне слаб дожд, во текот на денот сончево со умерена облачност

- Македонија
357

Денеска во раните претпладневни часови во западните делови ќе има локален слаб дожд, додека преку денот насекаде ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а во западните подрачја повремено засилен ветер од југозападен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 14 до 20 степени. Утре ќе биде променливо облачно, попладне и кон крајот на денот со локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 13 до 20 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари