Лев банер Десен банер

ЖКК Струга 2009 со максимален учинок – победи за кадетките и младите пионерки

Младите пионерки на ЖKK „Струга 2009“ фуриозно го започнаа првенството, забележувајќи уште една победа, овојпат против екипата на ЖKK „Гостивар“. Стружанките славеа со 36:17.

Најефикасна во победничкиот состав беше Туана Ајдиноска со 25 постигнати поени. Наумоска придонесе со 4 поени, додека Скендери, Маркоска и М. Кукунешоска постигнаа по 2 поени. Б. Кукунешоска го заврши натпреварот со 1 поен.

Успешниот викенд за клубот продолжи и во кадетската конкуренција, каде што екипата на ЖКК „Струга 2009“ ја продолжи победничката серија. На натпреварот против ЖКК „Тетова Булс“, стружанките забележаа убедлива победа од 71:12.

Овој натпревар беше можност за поголема минутажа и за кошаркарките кои досега имаа помала улога во ротацијата, а добиената шанса ја искористија на вистински начин.

Најефикасна беше Мојсоска со 13 поени, Коцареска постигна 12, а Дукоска 10 поени. Стеблева запиша 8, Узуновска Т. 7, Ташеска 5, додека Танаскоска и Крацоска постигнаа по 4 поени. Положани, Мијевска, Коруновска и Ајдиноска придонесоа со по 2 поени.

Тренерот Владимир Ѓоровиќ е задоволен од досегашниот учинок, но потенцира дека најтешките предизвици допрва следуваат.

„Задоволни сме од досегашниот почеток на првенството. Имаме три победи од три натпревари, што е одличен показател за досегашната работа. Сепак, мораме да останеме максимално фокусирани, бидејќи ни претстојат два најтешки натпревари против екипите на Пелистер и МВП. Тоа ќе бидат сериозни тестови за нашите можности.

Посебно ми е драго што на натпреварот против Тетова Булс шанса добија и кошаркарките кои досега имаа помала минутажа. Сметам дека ја искористија можноста и покажаа дека можеме да сметаме на поширок ростер. Продолжуваме со работа и подготовка за предизвиците што ни следуваат“, истакна тренерот Владимир Ѓоровиќ.

StrugaOnline

error: