Лев банер Десен банер

10 години Мезе Бар „Барабар“ – во недела целодневна прослава со музика, попусти и одлична атмосфера

Мезе бар „Барабар“ оваа недела ќе одбележи голем јубилеј – 10 години постоење, исполнети со добра музика, дружење и незаборавни моменти. Прославата ќе се одржи во недела, на 10 мај 2026 година, со почеток од 13 часот, а посетителите ги очекува целодневна забава и одлична атмосфера.

За музичкиот дел ќе бидат задолжени Rootboy Selector, Balkan Jam и DJ Ace, кои ќе се погрижат за позитивна енергија и добра журка во текот на целиот ден.

Од Мезе Бар „Барабар“ велат дека изминатата деценија била исполнета со безброј приказни, насмевки и пријателства.

„Деценија исполнета со музика, дружба, незаборавни вечери и моменти што остануваат засекогаш. Заедно создадовме место каде секоја чаша, секоја песна и секоја насмевка има своја приказна. Ви благодариме што 10 години сте дел од нашето патување. Време е да прославиме како што доликува“, порачуваат од барот.

Како дел од јубилејната прослава, посетителите ќе можат да уживаат и во 20% попуст на целото мени.

Резервации и информации на телефон: 071 319 075.

StrugaOnline

error: