Поради лошо време одложена акцијата „Генералка викенд“ во Струга за понеделник
Општина Струга ги информира граѓаните дека е одложена еколошката акција „Генералка викенд“, која првично беше закажана за 8 мај 2026 година.
Како што соопштуваат од локалната самоуправа, одлуката за одложување е донесена поради неповолните временски услови.
Акцијата ќе се реализира на 11 мај 2026 година (понеделник), со почеток во 10:00 часот, а собирното место ќе биде пред зградата на Општина Струга.
За сите учесници е предвиден и коктел, кој ќе се одржи во 12:00 часот во паркот на Машка плажа.
Од Општина Струга упатуваат повик до граѓаните, здруженијата, институциите и компаниите активно да се вклучат во акцијата и заеднички да придонесат за почиста и поздрава животна средина.
„Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, институции и компании да се приклучат и заедно да придонесеме за почиста и поздрава животна средина“, порачуваат од Општина Струга.
StrugaOnline

