12 лица во Струга казнети поради неносење маски

- Локални
495

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 35 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-11, Струга-12, Кичево-12.). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 14 контроли врз угостителски и други објекти. 

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари