18 лица во Струга и 29 во Охрид казнети поради неносење маска

- Локални
315

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 89 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-29, Струга-18, Кичево-29, Дебар-13).

Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19.

Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат извршиле 10 контроли врз угостителски и други објекти.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари