Жена од струмичко повредена во сообраќна незгода во Струга

- Локални
469

На 13-ти август 2020 година, околу 10:10 часот, на улицата „Прва Македонска ударна бригада“ во Струга, случена е сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.

– Незгодата се случила помеѓу товарно возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Т.(41) од Битола и пешак М.Ј.(63) од струмичкото село Куклиш. Таа се здобила со тешки телесни повреди и по укажаната медицинска помош во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, е пуштена на домашно лекување. На местото на сообраќајната незгода, увид извршија полициски екипи, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари