65.547 денари собраа охриѓани за Петар, на хуманитарниот настан во ЦК ,,Григор Прличев“

- Локални
226
Охриѓани уште еднаш ја покажаа и докажаа својата хуманост. Во голем број, сплотени во хуманоста вчера ја исполнија големата сала во Центарот за култура „Григор Прличев“ за да помогнат во лекувањето на 22-годишниот Петар.
-Прекрасни изведби имаа нашите стенд ап комичари Никола Братучед Сиљаноски, Илија Богданоски, Јован Цветкоски и Никола Тодороски, а за богатиот, беспрекорен музички настап се погрижија ВИС „Биљана“, Урбан Планет фт Ана и Камелеон.-информираат од Црвен крст Охрид
На вчерашниот хуманитарен настан се собраа 65.547 денари кои ќе бидат наменети за потребната хируршка интервенција на младиот Петар, во Турција.

Facebook Коментари