20 крвни единици се собрани во крводарителската акција во хотел ,,Боград“

- Локални
144

20 крвни единици се собрани во  крводарителска акција на Црвени крст Струга и хотел „Боград“ што се одржа вчера.

Станува збор за традиционална крводаритеска акција што се организира во овој период од годината, а целта е  што повеќе млади да станат крводарители.

Црвен-крст и хотел Боград имаат за цел да ја промовираат хуманоста како основна човекова вредност и на тој начин да се зголеми бројот на млади крводарители во Струга и кај нив да се разбуди свеста дека на тој начин спасуваат животи.

Одѕивот на  14-та крводарителска акција ги исполни очекувањата на струшкиот Црвен крст.  До крајот на годинава се очекува да се реализира годишниот план од околу 2000 дарувања.

Strugaonline

фото: архива

 

Facebook Коментари