Според статистичките податоци на МВР, во текот на изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 22 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид 7, Струга 2 и Кичево 13).
– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19. Во овој период, во координација со Државниот пазарен инспекторат, во Кичево извршени се 28 контроли по угостителски и други објекти, информираат од МВР.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари