Oпштина Струга: Од централната власт бараме и физичките лица кои нудат сместување да добијат помош од државата

- Локални
547
-Согласно мерките на Владата на РСМ од 6-тиот пакет за финансиска поддршка за угостителскиот и туристичкиот сектор, како најпогоден сектор од пандемијата со Ковид-19, каде физичките лица даватели на угостителски услуги за сместување на гости и туристи (приватни станоиздавачи) не се вклучени во тој пакет на мерки, бараме од централната власт да се вклучат и овие субјекти во мерките за финасиска поддршка.-соопштуваат од Одделението за туризам при Општина Струга.
На територијата на Општина Струга постојат над сто физички лица кои даваат услуги за сместување на гости и туристи, тие се категоризирани по закон (решение за упис во регистар и категорија).
-Нивното вклучување е од значаен заеднички интерес . На овој начин, со мерките за поддршка, нема да биде исклучена оваа категорија на субјекти, која претставува значајна инфраструктура во областа на давањето на угостителски услуги за сместување.-се додава во соопштението.
Strugaonline

Facebook Коментари