7 лица во Струга и 80 во Охрид казнети поради неносење маски

- Локални
386

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 122  прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-80 Струга-07, Кичево-18, Дебар-17). Во периодот 28/29 јули 2020 година, констатирани се 123 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-81 Струга-15, Кичево-22, Дебар-05). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари