8 пешаци од Струга санкционирани поради небезбедно минување на коловоз

- Локални
371

На 14-ти септември 2022 година, во периодот од 10:00 до 15:00 часот на подрачјето на СВР Охрид, спроведени се контроли за санкционирање на прекршоци што ги правата пешаците во сообраќајот.

– Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 36 пешаци кои небезбедно и надвор од обележан пешачки премин преминувале коловоз (Охрид 15, Струга 8, Кичево 12 и Дебар 1), информираат од МВР.

Извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари