На 17-ти септември Ревија на народни носии во Струга

- Локални
626

На 17-ти септември во фоајето на Центар за култура ,,Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи препознатливата ревија на народни носии. Оваа година ќе се претстават единаесет колекционери на народни носии и едно културно уметничко друштво. Публиката во Струга ќе има можност да види повеќе од четриесет ревијалци во народни носии од повеќе етнички предели во Македонија.

-Овогодинешната тема на манифестацијата е ,,Фамилија-род-семејство“, што значи дека секој ревијалец-учесник треба да се претстави со најмалку три народни носии со кои би ја опфатил темата. Среќен сум што минатата година после седум години пауза ја вративме оваа манифеставија која претставува празник на градот-изјави Љупчо Милошески од КУД ,,Илинден“, културно-уметничко друштво кое е организатор на ревијата, а работи во рамки на Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“.

Уметничкиот совет на манифестацијата е составен од: Николина Велкоска Глигороска –директор на струшкиот центар за култура, Проф.Д-р Владимир Јаневски етнолог и Љупчо Милошески, раководител на КУД ,,Илинден“ Струга.

-Посебно сакам да изразам голема благодарност до Проф.Д-р Владимир Јаневски кој е активно вклучен во организацијата и заживувањето на ревијата на народни носии во Струга. –потенцираше Милошески.

Стартот во петок е закажан за 19:00 часот, а еден час порано ќе биде отворена изложбата на фотографии од стара Гевгелија, во соработка со Домот на култура од Гевгелија. Ревијата на народни носии е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.

Strugaonline

Facebook Коментари