98 возачи казнети на територијата на општина Струга

- Локални
147

Во текот на вчерашниот ден, 24-ти март 2024 година, во периодот од 12:30 до 17:30 часот, Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на општина Струга, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

– При контролата санкционирани се 98 возачи, од кои 16 за возење без возачка дозвола, 10 санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, седум мерки за непрописно вградени фолии (затемнети стакла)… На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од МВР.

Извор: МВР

Facebook Коментари