Во рамките на 46-тиот Меѓународен ракометен турнир „Струга 2018“ вчера беа одиграни натпреварите помеѓу РК Струга-Алингсас; Tулуз-Бешикташ и Железничар-Констанца
Нашите ракометари од РК Струга, после одличното прво полувреме во кое долго време беа во водство загубија од екипата на Алингсас со резултат 25:16. Важно е дека стружани покажаа одлична игра и овие натпревари им се одлична подготовка за потоа да ја започнат сезоната на потребното ниво.
Eкипата на Тулуз го совлада турски Бешикташ со 32:28, и доби можност за обезбедување на првото место во групата. Но тоа ќе се знае после спортската математика која ќе се направи после натпреварите кои следуваат денеска.
Тимот на Железничар загуби од Констанца со резултат 20:24 (9:12), така Констанца сега има големи шанси за финале со оглед на тоа дека денеска играат со домаќинот РК Струга, а сосема е јасно дека нашите ракометатри немаат доволно искуство за да совладаат ваква квалитетна екипа.
Денеска се играат следниве натпревари:
10.00 Струга–Констанца
17.30Еурофарм Раборник–Тулуз
19.15 Целје–Бешикташ
21.00 Вардар-Металург
Извор: Strugaonline
фото: Меѓународен ракометен турнир -Струга
Facebook Коментари