Амбасадорката на САД го отвори јубилејниот настан-Десет години Американско катче во Струга

- Локални
423
Амбасадорката на Соединетите Американски Држави – Kејт Брнс го отвори јубилејниот настан по повод 10-годишнината од постоењето на Американското Катче во Струга.
,, Настанот го одбележа долгогодишното партнерство и соработка помеѓу Американското Катче, Општина Струга и локалните НВО, придонесот на волонтерите и партнерите. Американското Катче во Струга продолжува да биде простор што ги пречекува и обединува луѓето во неформалното образование, подобрување на заедницата и личен и професионален развој.“-стои во соопштението,
Американското Катче е проект што се спроведува веќе 10 години со поддршка на Општина Струга, од таму велат дека соработката и поддршката ќе продолжат и во иднина.
Strugaonline

Facebook Коментари