АМСМ: Поради работа на пат, на магистралниот пат А2 Струга – г.п. Ќафасан брзината е ограничена на 40км/ч

- Локални
452

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

– Поради појава на магла намалена е видливоста до 50 метри на планинските премини Маврово – Стража – Пресека и Ѓавато.

Поради изведување работи на пат на магистралниот пат А2 Струга – г.п. Ќафасан (од бензиска пумпа ОКТА до влез во с.Радолишта) брзината е ограничена на 40км/ч. На местото на изведување на работите е поставена соодветна сообраќајна сигнализација, информираат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

извор: АМСМ

фото: архива

Facebook Коментари