АМСМ: Укината забраната за движење на камиони Струга-граничен премин „Ќафасан“

- Локални, Македонија
114

Укината е забраната за движење на тешки товарни возила Струга-граничен премин „Ќафасан“, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).

Активни се забраните за движење на тешки товарни возила на патните правци:Гостивар – Маврово – Дебар, Струмица – Берово, Пресека, Ѓавато, Плетвар, Тетово – Попова Шапка (за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема).

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

извор: АМСМ фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари