Ансамблот за народни игри и песни на Македонија “ТАНЕЦ” ќе одржи целовечерен концерт во Охрид. Концертот ќе се одржи во вторник, 17-ти април, со почеток во 20:00 часот во големата сала на Центарот за култура во Охрид. Билетите чинат 150 денари.
Ансамблот Танец претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе шест децении, културен амбасадор кој несебично ја презентира и споделува богатата македонска традиција во земјата и во светот.
Веќе шест децении “Танец” со своите уникатни носии со кои настапува претставува вистински подвижен историски музеј на Македонското материјално и нематеријално културно наследство.
Публиката во Охрид ќе има можност да ужива во фолклорната уметност во нејзината најсофистицирана смисла.
Strugaonline
Facebook Коментари