Лев банер Десен банер

Атанас и Тино со хит-шоуто „На линија“ повторно во Струга

Струга повторно ќе биде домаќин на едно од најпопуларните стенд-ап шоуа во регионот. Култниот комичарски тандем Атанас Катраников и Тино Костадиновски утре (14 март) го носат своето хит-шоу „На линија“ пред струшката публика.

Настанот ќе се одржи во Дом на култура „Браќа Миладиновци“, каде публиката ќе има можност да ужива во вечер исполнета со смеа, реални приказни и хумор без цензура.

По трите целосно распродадени настапи во Скопје и повеќе од 10.000 посетители, стенд-ап дуото повторно се враќа во Струга, носејќи ја енергијата и препознатливиот стил кој ја освои публиката низ Македонија. „На линија“ ветува динамично шоу со свежи теми од секојдневието, препознатливи ситуации и многу импровизации кои секоја вечер ја прават уникатна.

Цената на билетите изнесува 600 денари, а тие можат да се набават во Домот на култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, како и во кафе бар Escobar.

Поради ограничениот број на карти, организаторите апелираат љубителите на стенд-ап комедијата да си обезбедат место навреме.

За повеќе информации и резервации, заинтересираните можат да се јават на телефонскиот број 078 890 790.

Очекувајте вечер исполнета со смеење и добра атмосфера со Танас и Тино – повторно „на линија“ со струшката публика.

StrugaOnline

error: