Лев банер Десен банер

Утре детски настан во Струга по повод Денот на пролетта – Летник

Општина Струга, под покровителство на градоначалникот Менди Ќура, организира весел детски настан по повод празникот Денот на пролетта – Летник, со цел заеднички да се одбележи доаѓањето на пролетта и да се внесе радост меѓу најмладите.

Настанот ќе се одржи утре 14 март 2026 година, во периодот од 12:00 часот, во Паркот на поезијата во Струга, каде што се очекува богата програма исполнета со музика, игри и многу забава за децата.

Од Општина Струга ги покануваат сите граѓани, а особено најмладите, да бидат дел од оваа убава традиција и заедно да ги пречекаат топлите пролетни денови во пријатна и празнична атмосфера.

Организаторите упатуваат порака до сите посетители да дојдат со насмевки, позитивна енергија и добро расположение, со цел Паркот на поезијата да се исполни со радост, бои и детска смеа.

Настанот е отворен за сите заинтересирани, а организаторите очекуваат голем број посетители кои заедно ќе го прослават празникот и ќе ја одбележат пролетта во духот на традицијата.

StrugaOnline

error: