Бидете хумани и вклучете се во кампањата „Биди како Андрeа, донирај пакетче“

- Локални
1164

Најмладата хуманитарка Андреа носи новогишна радост во Струга. Заедно со својата мајка таа успеа да собере сто и дванаесет пакетчиња за само два дена. Новогодишните пакетчиња се донација од хумани граѓани кои сакаат да предизвикаат насмевки кај децата. Кампањата „Биди како Андреа, донирај пакетче“ е во полн ек. Андра денеска ги израдува дечињата на детското одделение во Струга.

Пакетчиња ќе има и за децата од Оу „Браќа Миладиновци“, па потоа и за штитениците на Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака нова“. Во оваа кампања можат да се вклучат сите хумани граѓани, целта е да расте бројот на пакетчиња и радосни дечиња.

Strugaonline

Facebook Коментари