Билтен на СВР Охрид: Охриѓанец агресивно се однесувал кон полицајци и поседувал марихуана, тој пријавил дека полицајците употребиле прекумерна сила…

- Локални
132

На 18.03.2024 во 14.25 часот на улица „Марко Цепенков” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа Ј.М.(46) од Охрид кој, се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. При приведувањето бил извршен преглед кај него, при што била пронајдена и одземена марихуана.

Во врска со настанот, Ј.М. пријавил дека, при преземањето мерки кон него, полициските службеници употребиле прекумерна сила, при што се здобил со тешки телесни повреди. За настанот бил известен јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и  професионални стандарди при МВР. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Џ.(47) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”. Тој, од личен профил на социјалната мрежа Фејсбук во повеќе наврати објавувал коментари со заканувачка и навредлива содржина.

На 19.03.2024 во 05.40 часот, на ул.„Кленоец” во Охрид настанал пожар на паркирано хаварисано патничко возило „пежо” со охридски регистарски ознаки, сопственост на Љ.Б.(71) од Охрид. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари