Струшкиот базен затворен на два дена поради санација на проблем во одводот

- Локални
863

Поради проблем во одводот кај туш кабините и негова санација, базенот во Струга ќе биде затворен за посетители два дена, информира Јаков Попоски, вработен во базенот.

Тој појасни дека базенот се затвора превентивно заради зачувување на хигиената и санитарните услови, санацијата од страна на изведувачот започна денеска и се очекува да заврши за два дена.

– После официјалното отварање на Базенот се забележа дека одводот не функционра нормално и дел од сифоните почнаа да течат, поради тоа изведувачот ја исполнува обврската за санација во гарантниот рок, станува збор за  мал зафат- изјави Попоски.

Затворениот пливачки базен во Струга, што дваесет години беше руина,  на голема радост на стружани беше целосно реконструиран и официјално пуштен во употреба во декември минатата година.

За реконструкцијата беа инвестирани околу 99 милиони денари преку Агенцијата за млади и спорт, а предаден во сопственост на ЕСМ.

Strugaonline

 

Facebook Коментари