Билтен на СВР Охрид-Скопјанка нападната во хотел во Охрид, кај стружанец пронајдена бела прашкаста материја…

- Локални
1186

На 25.12.2023 во 20.45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во хотел во Охрид, М.О.(38) од Скопје била физички нападната од А.Д.(31) од Охрид. По документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 25.12.2023 во 14.50 часот на улица „Гоце Делчев” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа А.Н.(26) од Струга затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.П.(42) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори” и  „овозможување употреба на наркотични дроги”. При претрес во неговиот дом, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа марихуана. Исто така, при претресот било констатирано дека пријавениот на лице од Охрид овозможил да користи марихуана во неговиот дом.

На 26.12.2023 во 01.35 часот на улица „7 Ноември” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода М.И.(20) од Охрид затоа што претходно во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook Коментари