Утре ќе биде отворен пливачкиот базен во Струга

- Локални
637

Утре со почеток во 11 и 30 часот ќе се одржи свеченото отварање на пливачкиот базен во Струга.

За половина час подоцна се закажани поздравните обраќања.

Потоа ќе се одржи една машка и една женска трка на која ќе учествуваат пливачки клубови од Струга и Охрид.

Утре ќе се оствари долгогодишната желба на стружани, повторно, по речиси две децении да добијат затворен модерен пливачки базен.

Strugaonline

Facebook Коментари