Билтен на СВР Охрид за 18.05.2023

- Локални
292

На 18.05.2023 околу 13 часот, при вршење кражба од кругот на Јавното претпријатие „Градски гробишта“ во Охрид, бил затекнат А.А.(51) од Охрид. Одземените предмети се вратени на претпријатието, а по целосно расчистување и документирање на случајот против А.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 18.05.2023 во 13.00 часот во СВР Охрид, пријавено е дека во угостителски објект на кеј „Македонија“ во Охрид, бил нарушен јавниот ред и мир со агресивно однесување и упатување закани од В.М. и Д.М. кон И.Д.(68), сите од Охрид. По целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

На 18.05.2023,  И.У.(63) од Охрид во полициска станица пријави дека на улица „Гоце Делчев“ во Охрид бил каснат од куче скитник.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.М.(72) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Тој, на 16.03.2023 на социјалната мрежа Фејсбук, постирал коментар со кој повикувал на насилство и ширел говор на омраза.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари