Директорот Ислами и вработените на терен, интензивно разубавување на Струга пред летната сезона

- Локални
373
Во пресрет на летната сезона, продолжуваат подготовките за разубавување на градот Струга.
,,И денеска, директорот на „ЈП Комунално-Струга“, Иќмет Ислами, заедно со вработените во претпријатието, се на терен да се грижат за изгледот на градот. Зеленилото околу реката Црн Дрим, засадувањето цвеќе во повеќе области од градот, и дадоа на Струга сосема поинаков изглед, како никогаш порано.“ – стои во соопштението од претпријатието.
Од ЈП ,,Комунално“ изразија надеж дека туристите кои ќе го посетат нашиот град оваа летна сезона, ќе бидат задоволни и дека импресивниот изглед на Струга ќе го направи овој град главна дестинација за летување.
Strugaonline

Facebook Коментари