Биолошкото одделение при Музеј Д-р Никола Незлобински ja збогати колекцијата со копнена безрбетна фауна

- Локални
561
Биолошкото одделение при Музеј Д-р Никола Незлобински Струга оваа година ја посвети на колекционирање на копнената безрбетна фауна.
-Беа опфатени три шумски хабитати на Јабланица, даб, костен и бука, како и две крајречни евлови и врбови шуми, кои се покажаа како идеално живеалиште за безрбетната фауна. Користевме почвени и висечки замки, кои за нас биолозите се наједноставен метод за ловење. -информираат од одделението.
 Од таму додаваат дека разновидниот материјал кој го имаат благодарение на нивната истражувачка дејност, ќе им биде мотив овие студени денови да ги посветат на негово идентификување и збогатување на веќе постоечката збирка на безрбетници.
Strugaonline

Facebook Коментари