Струга ќе добие нов парк

- Локални
1211
Екипите на ЈП Комунално Струга  започнаа со уредување на нова зелена површина од 12000м² во  Струга на локацијата наспроти Ракометното игралиште- Женска плажа.
-Ќе се подигне нов парк на местото каде што до неодамна имаше запуштен простор и дива депонија. Просторот веќе хортикултурно се уредува, ќе бидат засадени и 100 високо квалитетни садници од зимзелено дрво бор, а дополнително ќе биде поставена нова хидратанска мрежа во вкупна должина од 1000 метри со 100 прскалки. Во паркот ќе бидат поставени и нови клупи за седење, како и корпи за отпадоци.-информираат од ЈП Комунално.
Директорот на ЈП Комунално Струга Иќмет Ислами истакна дека ова е само еден од парковите што ќе бидат изградени на површини што предходно беа запоставени и натрупани со ѓубре, а зазеленувањето на градот  останува на врвот на приоритетите на ЈП Комунално Струга.
Strugaonline

Facebook Коментари