Центар за јавно здравје Охрид со нови мерки за заштита од Корона вирусот

- Локални
1106

Со цел да се намали ризикот од ширењето на корона вирусот и заштити популацијата на стари лица, како ранлива и најпогодена категорија од епидемијата на корона вирус, Центар за јавно здравје Охрид овозможува за лицата над 65 годишна возраст како и за лицата кои немаат неопходна друга потреба да излегуваат од своите домови, бремените жени, лица со хендикеп, а имаат потреба од користење на услугите на микробиолошката лабораторија во Центар за јавно здравје Охрид, да им биде извршена услугата/анализата без да излегуваат од своите домови и доаѓаат во нашата установа.

„Секој работен ден од 8:00 до 13:00 ч. горенаведените категории на пациенти можат да се јават на еден од нашите телефони 046231030, 078488255 или на е-маил: [email protected], каде нашите оператори ќе ги евидентираат личните податоци и адреса на живеење на пациентот, како и податоците за видот на микробиолошката анализа која треба да се направи, согласно упатот од матичен лекар, по што мобилна екипа на Центар за јавно здравје Охрид ќе дојде на домашна адреса на пациентот да го земе потребниот материјал за анализа.

Веднаш по завршување на анализата, наодите ќе бидат испратени на е-маил или доставени на домашна адреса на пациентот.

Апелираме за максимална сериозност во почитување на мерките и препораките за заштита од корона вирус донесени од Владата на РСМ.„ – стои во соопштението од ЦЈЗ-Охрид

Strugaonline

 

Facebook Коментари