Центарот на заедница на Општина Струга објави повик за мали локални акции

- Локални
660

Центарот на заедницата на Општина Струга, во рамките на својата годишна програма ќе поддржи три локални акции за решавање на локални проблеми во општина Струга во износ од 500 евра. Активноста има за цел да поттикне граѓански активизам и ангажман на заедницата за решавање на локалните проблеми. Оваа година ќе бидат подржани најдобрите три идеи за ад хок акции во градот и руралните средини.Доколку знаете некој проблем кој може да се реши со ангажман на заедницата, доколку сте член  на неформална група или месна заедница или имате идеја и план за да помогнеш во решавањето на проблемот, се што треба да направите е да ја пополните пријавата на овој ЛИНК

Рокот за пријавување трае до 28.10.2019 година. За повеќе информации можете да се обратите лично во Центарот на заедницата на општина Струга или на телефон  046/839-112.

Strugaonline

Facebook Коментари