Comodita Home го воведува на пазарот најсофистицираниот хибриден душек Comodita Hybrid

- Локални
2738

Линијата Comodita Mattress ви го претставува најексклузивниот душек кој нуди супериорна удобност во италијански стил.

Спиењето може да ви го направи денот поубав или да го уништи. Ако се разбудите енергични и свежи, концентрацијата и функционирањето ќе ви бидат на високо ниво. Од друга страна, ако поголемиот дел од вашите ноќи ги поминувате вртејќи се во креветот, ќе ви биде вистински предизвик да го истуркате целиот ден. Ќе се чувствувате уморни и фрустрирани.

Според здравствените експерти, лишувањето од сон може да доведе до сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи дијабетес, висок крвен притисок, срцеви заболувања и прекумерна тежина. Значи, ова е проблем што треба сериозно да го сфатите. Доколку сакате да имате непрекинат сон и да се будите енергични секој ден, решението ќе го најдете во најголемиот бренд продавници за производи за домот во Македонија.

Comodita Home, е меѓународен бренд под управување и заштита на лондонската компанија Brand Management LTD, кој секогаш носи иновации на македонскиот, но и на меѓународниот пазар. Во широкиот спектар производи за вашата спална соба што ги нуди Comodita Home, сега можете да пронајдете нов душек поразличен од сите останати на пазарот.

Comodita Hybrid е душекот што ќе ви го олесни секој ден од животот, обезбедувајќи ви најкомотно спиење во текот на ноќта. Дизајниран од италијански експерти со различни слоеви и изработен со најнова технологија, овој душек му овозможува на вашето тело да се движи слободно од една во друга позиција без да ги вознемири другите. Вие ќе се чувствувате удобно во која било позиција на спиење. Со највисок квалитет, Hybrid се состои од различни слоеви на полиуретанска и memory пена, како и индивидуални копчиња обвиткани со микрофибер материјал. Без разлика дали спиете на грб, на рамо или на стомак, хибридниот душек ви обезбедува оптимална поддршка на целото тело. При одморање на овој душек ќе се ослободите од болките во грбот и зглобовите затоа што телесната тежина е рамномерно распоредена со помош на memory – пената што се прилагодува на контурите врз основа на температурата на вашето тело.

Важно е да спиете добро за да може да ги одржите умот и телото здрави. Со 10-годишна гаранција, Comodita Home ви нуди можност да се опуштите и да се чувствувате пријатно спиејќи на најновиот душек Comodita Hybrid.

StrugaOnline

Facebook Коментари