Јован Митрески е избран за претседател на Собранието

- Македонија
159

 Со 64 гласови „за“ и 40 „против“  Јован Митрески денеска беше избран за претседател на Собранието.

Митрески, кој беше досегашен координатор на пратеничката група на СДСМ, ќе биде претседател на Собранието до изборот на нов состав на Парламентот по изборите на 8 мај, и откако неговиот претходник Талат Џафери беше предложен за мандатар на техничката влада, која треба да биде избрана во недела на 28 јануари.

Новиот спикер даде свечена заклетва, по што како што е најавено ќе има примопредвање на фукцијата и куси изјави на Џафери и Митрески.

Митрески кусо се заблагодари за поддршката, како и на Џафери за успешното менаџирање на Собранието заедно со генералниот секретар Цветанка Иванова.

Извор: Тв Телма

фото: архива

Facebook Коментари