ЦЈЗ: Периодот пред нас е клучен, однесувањето на секој поединец е важно

- Локални
793

Tимот на Центарот за јавно здравје Охрид ја потсетува јавноста дека перидот пред нас клучен и доколку досега не ја имаме сериозно сфатено својата улога и колку секој од нас како поединец е нопходен и важен за успешна борба против Коронавирусот, сега е вистински момент тоа да го разбереме.

– Кога од овој момент сите би се однесувале одговорно и совесно и кога не би дозволиле од нас да се пренесе инфекцијата или да се инфицираме од друго лице, тогаш по изминувањето на максималниот период на инкубација од 14 дена, веќе од 15-от ден не би имале ниту еден новозаболен со Коронавирус, велат од охридскиот Центар за јавно здравје.

Оттаму додаваат дека контактите да се сведат на минимум, да се однесуваме одговорно кон себе и другите и да останеме дома.

Strugaonline

Facebook Коментари