Наумче Мојсоски се приклучи на иницијативата „спортистите против корона вирусот“

- Локални, Македонија
596

Познатиот стружанец Наумче Мојсовски објави видео во кое повика на солидарност и хуманост. Тој ја информираше јавноста дека  се приклучува на иницијативата „спортистите против корона вирусот“

“Борбата за здравјето е најважниот предизвик, најважната утакмица во нашите кариери. Заедно сме победиле многу натпревари, заедно сме добиле многу тешки битки, заедно ќе ја добиеме и битката со корона вирусот. Активно се приклучувам на иницијативата „спортистите против корона вирусот“

Отворивме наменска сметка за донации:

Жиро сметка : 240577112287787 – Уни Банка

Собраните средства ќе бидат донирани за обезбедување на заштитини маски и опрема на здравствените работници кои се во првиот одбранбен ред и обезбедување на средства за дезинфекција и хигиена за социјално најзагрозените лица.

Да покажеме солидарност и хуманост.

Оваа утакмица ја играме за сите наши граѓани, за самите нас, за нашите семејства, за нашите деца.

Затоа колеги спортисти да покажеме што значи тимска игра и заедно да донираме, да помогнеме.

Сме победувале многу тешки противници, ќе го победиме и корона вирусот.

Нападот на корона вирусот не може да ја победи нашата одбрана, одбрана на солидарност, заедништво, несебичност и хуманост. Заедно ќе го победиме корона вирусот, затоа што само заедно можеме”, вели Мојсовски во своето видео обраќање.

Strugaonline

Facebook Коментари