ЦНВП Скопје објави повик за доделување грантови во рамки на проектот „Интегрирано управување со шумите долж сливот на реката Дрим“

- Локални
70
ЦНВП Скопје, објави отворен повик за доделување на грантови како дел од проектот „Интегрирано управување со шумите (ИУШ) долж сливот на реката Дрим“, финансиран од страна на Австриската кооперација за развој.
-Грантовите првенствено се наменети за квалификувани микро, мали и средни претпријатија и земјоделци и индивидуалци со туристички капацитети (регистрирани во Општината) со локално присуство во Дебар и Струга чија мисија и стратегија се фокусирани на генерирање приход.
Географскиот опфат на овој повик е ограничен на регионот на Дебар и Струга.-стои во информацијата.
Подобните активности, се додава, вклучуваат учество на граѓаните во напорите за зачувување на природата, зајакнување на локалните заедници и поттикнување одржливо користење на природните ресурси.
Од ЦНВП информираат дека заинтересираните апликанти треба да ги достават своите предлози за грант во електронска верзија на следната е-пошта: [email protected] најдоцна до 10.05.2024 до 24:00 часот.
 Апликациите доставени по истекот на рокот автоматски ќе бидат отфрлени.
Инфо сесија за овој повик ќе се одржи и во Дебар и во Струга.
Инфо сесијата во Струга е закажана за 29.04.2024 година, со почеток од 15:00 часот во Хотел Дрим.
Во периодот на отворениот повик за грантови, потенцијалните апликанти можат да поставуваат прашања за документацијата што треба да се достави, на е-пошта [email protected] најдоцна до 30-ти април до 16:00 часот.
Целосниот оглас и сите детални информации можете да ги најдете на следниов ЛИНК
Strugaonline

Facebook Коментари