Времето денес ретпладне променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд

- Локални, Македонија
121

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

7 Берово, 8 Лазарополе, 10 Охрид, Крива Паланка, Попова Шапка, 11 Маврови Анови,  Дебар, Претор, 12 Скопје-Петровец, Струмица, Демир Капија, 13 Битола,  Штип, Велес, Прилеп, Гевгелија, Кавадарци, Куманово, 14 Крушево, Виница, 15 Скопје-Зајчев Рид, Тетово.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА

Во текот на ноќта имаше појава на мала до умерена облачност. Дуваше слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец кој во Штип достигнуваше брзина до 50 км/час. Изутринава е променливо облачно, дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Претпладне променливо облачно. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 28 степени.

Извор: УХМР, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари