Црвен крст- Охрид организира нова хуманитарна акција за Јана!

- Локални
575

Црвен крст Охрид најавува уште една хуманитарна акција за помош на Јана.

„Овојпат наш партнер е тимот на Oriflame со кого на 11 и 12 октомври, на градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“, Охрид, во периодот од 11 до 16 ч. Ве покануваме на дружење и забава, зачинета со хуманост.
Додека волонтерите на Црвен крст Охрид ќе ве забавуваат промовирајќи дел од своите програми, тимот на Oriflame за сите заинтересирани, по симболична цена од само 100 денари, ќе врши тестирање и целосна, професионална анализа на кожата со Апи апарат како и третман на лице со соодветна NOVAGE колекција.“ – информираат од Црвен крст-Охрид.
Од охридскиот Црвен крст повикуваат да ја искористите  оваа можност за анализа на својата кожа на чувствителност, брчки, акни, меланин, пори и др., но и да ги вкусите производите од ресторанот Лихнидос и пијалоците на фирмата Рондо трејд кои се вклучија во оваа хуманитарна акција.

Средствата собрани од овој настан ќе бидат наменети за помош во лекувањето на Јана Арсовска која боледува од вид на детски карцином кој ретко се појавува кај возрасни лица. Својата битка Јана ја води од 2015-та година. Да и помогнеме!

Strugaonline

Facebook Коментари