Денеска се вршат мерења на патот Подмоље – Струга – Ќафасан

- Локални
802

Денеска во периодот од 11:00 до 16:00 часот на државниот пат А2, делница Подмоље – Струга – Ќафасан ќе се вршат мерења на патот со користење на специјално мерно возило, сопственост на Јавно претпријатие за државни патишта.

Мерењето се состои од застанување на секои 100 метри на патот и мерење на носивоста на коловозот со спуштање на товар. Се молат возачите на трпеливост и крајна внимателност при возење на горенаведената патна делница, информираат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари