Црвен крст-Струга ја одбележува неделата за грижа на стари лица

- Локални
437

Во рамките на одбележувањето на „Неделата на грижа на стари лица“, од 16-ти до 22-ри ноември Црвен крст на РМ- Општинска организација Струга под мотото „Сите сме нивни деца“ врши бесплатна услуга за набавка и достава на храна,  средства за хигиена, лекови и други потребни продукти  на постарите, осамени и изнемоштени лица со цел да се даде придонес во намалување на ранливоста на постарите граѓани и поддршка на населението во одговор на предизвиците од COVID-19.

Старите лица кои имаат потреба од ваква услуга треба да се обратат на телефонскиот број 071/398-424.

Strugaonline

Facebook Коментари