ЈП ,,Водовод и канализација“-Сите нелегално приклучени граѓани да достават барање за приклучок до 31-ви декември, од 1-ви јануари ќе следуваат казни

- Локални
472
ЈП ,,Водовод и канализација“ ги повика  сите граѓани од Струга и околината, кои се потрошувачи на вода од  оваа компанија, а имаат непријавен приклучок,  најдоцна до 31 декември годинава,  да достават барање за прклучок.
,,Од 1 јануари 2021, ќе започнеме со деталната контрола за откривање на нелегални приклучоци и истите ќе бидат санкционирани со строги казни.,, – предупредуваат од претпријатието.
 Од таму додаваат дека оваа иницијатива преземена од директорот на „JП Водовод и Kанализација-Струга“, г-дин Дашмир Насуфи има единствена цел да го реши проблемот со водата за пиење, особено во текот на летната сезона, кога недостатокот на вода е поизразен.
Strugaonline

Facebook Коментари