Црвен крст Струга објави повик за курс/обука за спасители на отворени води

- Локални
419
Црвен крст Струга, за потребите на Центарот за безбедност на вода, објавува повик за пријавување на кандидати за курс/обука за спасители на отворени води.
Обуката, која ќе ја водат национални инструктори за безбедност на вода според стандардите на Меѓународната Федерација за безбедност на вода (ILSF), содржи теоретски и практичен дел, а ќе се реализира во втората половина на месец јуни 2021 г.
Заинтересираните кандидати треба да ги задоволуваат следните услови и барања:
– Да се на возраст од 16 до 35 години (да достават соодветен доказ (извод на родени, лична карта)
– Да знаат да пливаат и да имаат психо-физички предиспозиции за спорт
– Да обезбедат и достават Потврда за здравствена способност за обавување спорт и спортски активности, не постара од 6 месеци, издадена од соодветен лекар или здравствена установа
Повикот трае од 25 мај до 15 јуни 2021, а кандидатите можат да се пријават во просториите на Црвен крст Струга, ул. Ристо крле бб,  секој работен ден од 9-15 ч., или на телефоните 046 786 014 и 075 342 340.
На сите кои успешно ќе ја завршат обуката и се стекнат со лиценца за спасител на вода, Црвен крст Струга ќе им обезбеди и понуди платен ангажман на соодветни капалишта во летната сезона 2021.

Facebook Коментари