Утре во Струга нов протест против реформите во образованието 

- Локални
526

Родители и граѓани низ земјава одат на нови протести против новите реформи во образованието.

Протестот во Струга (како и во повеќе градови низ Македонија) ќе се одржи утре (26-ти мај) со почеток во 18:00 часот пред Општина Струга.

,,Одиме на поголем граѓанско-родителски мирен протест во знак на на искажување граѓански – родителски револт и поради игнорантскиот однос од страна на Министерството за образование и наука за Законот за учебници и останатите наметнати реформи во образованието. На протестот ќе ги изнесеме нашите барања и ставови, да се почитува нашето законско право, како родители, да бидеме колсунтирани во донесувањето и одлучувањето на овие сериозни реформи. “-изјави за Strugaonline Снежана Николовска, претставник на иницијативата од Струга.

Отворени се и две  подрачни единици на Државна изборна комисија, во Битола и Скопје за потребните 100 иницијални потписи од граѓани за покренување на Иницијатива за распишување референдум на држжавно ниво.

-Доколку иницијативата ја прифатат во Собранието настапуваме со втората фаза која предвидува собирање на 10.000 граѓански потписи на државно ниво! Ги повикуваме сите стручни лица од областа на образованието – институции кои работат со деца од најмала до поголема возраст, наставници, професори, академици, потоа психолози, педагози, офталмолози, социолози и сите засегнати граѓани кои сакаат да дадат свое мислење и став со аргументи и факти околу наметнатите реформи посебно за именувањето Родител 1 и Родител 2, кратењето предмети, електронски учебници наместо хартиени, сеопфатното сензитивно и родово образование, предметот сексуално образование, итн. може слободно да ме контактираат. -вели Николовска.

Таа испрати апел до граѓаните кои ќе учествуваат на протестот искажувањето на нивниот ставот да не содржи политичка определба и навреди на родители од било која партија, говор на омраза и пцовки и протестот да се одвива во најдобар ред и мир со задолжително почитување на протоколите за активности на отворено и препораките за заштита од Ковид19, задолжително носење заштитна маска.

Николоска додава дека претставниците на иницијативата во Струга се отворена за комуникација, сите граѓани кои  прашања,  можат да им се обратат преку креираната фејсбук група на родители СТРУГА – УЧЕБНИЦИ И НАСТАВА МОРА ДА ИМА! LIBRA DHE MËSIM PATJETËR TË KETË! или на меил адресата [email protected]

Протестите што се одржуваат во повеќе градови низ Македонија се организирани од страна на Граѓанската иницијатива  „УЧЕБНИЦИ И НАСТАВА МОРА ДА ИМА“ со овластен застапник Драгана Спасевска.

Strugaonline

Facebook Коментари