Црвен крст-Струга започнува со подготовка на кандидати за полагање на TOEFL – пријавете се!

- Локални
1403

Црвен крст-Струга  започнува со пролетен циклус на подготовка на кандидати за полагање на TOEFL (Test of English as a Foreign Language). Подготовката, која во вид на часови ќе започне да се реализира на 11-ти февруари, ќе трае десет недели, а ќе ја спроведува волонтер на Мировен корпус Македонија, кој работи во организацијата на Црвениот крст Струга.

-TOEFL (Test of English as a Foreign Language) е најраспространет и светски прифатен тест за проверка на знаењата за англискиот јазик. 9000 унвирезитети, колеџи, агенции го признаваат тестот и тоа во 130 земји ширум светот вклучувајќи ја и Македонија. TOEFL е тест кој исто така се користи за докажување на познавањето на англискиот јазик за државната администрација во Македонија. Заинтересираните кандидати можат да се пријават во просториите на Црвен крст Струга, или на тел. 046786014 или на е-маил [email protected] или да дојдат на првиот промотивен час во просториите на Црвен крст Струга, предвиден за понеделник, 11.02.2019 во 12 часот. – информираат од Црвен крст-Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари